Кошаркарската репрезентација за десет дена почнува со подготовки

Машката сениорска репрезентација на Македонија на 13 февруари ги почнува подготовките за мечевите со Естонија и Русија од квалификациите за Европското првенство во кошарка 2021 година. На 20 февруари, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се пресметаме со Естонија, а три дена подоцна во градот Перм следува дуелот со националниот тим на Русија.

Селекторот Александар Тодоров најави дека тимот со тренинзи почнува на 13-ти, една недела пред дуелот со Естонците. Новиот предводник на „црвено-жолтите“ кажува дека целта му е да ја однесе Македонија на Евробаскетот.

„Со Естонија ќе играме во салата ‘Борис Трајковски’, со тренинзи почнуваме на 13 февруари, со желба неколку дена подоцна да одиграме и пријателски меч од затворен тип. Што се однесува околу противникот, Естонија ни беше ривал пред некоја година, како сила е на наше ниво, но и тие имаат нов селектор, Финец кој работеше во Романија. На тој прв меч нема да знаат многу за нас, а ниту ние за нив, вели селекторот Тодоров пред она што следува.

Од КФСМ побараат поддршка за нашите кошаркари. Верниот шести играч може да им помогне да испишат нова историја низ страниците на македонската кошарка!

Јука Тоијала, 47-годишниот Финец и селектор на Естонија, го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски средби и таму се голем дел познати играчи кои беа дел од тимот кој играше во Скопје и пред две и пол години.

Куламае, Сок, Вајдеман, Кедус, Пасоја, Јоесар, Вене, Китсинг, Кангур, Хермет се играчи кои знаат како е да се игра против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести