18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Кошаркарските квалификации за ЛОИ ќе бидат пеколни

Завршувањето на Светското првенство за мажи го одреди најголемиот дел од репрезентациите кои ќе се борат за место на олимпискиот турнир следната година, а имињата кои ќе се борат за четирите слободни места се застрашувачки и патот до Токио ќе биде многу тежок.

Од Европа, учество на квалификациите имаат загарантирано Србија, Чешка, Полска, Литванија, Италија, Србија, Русија, Германија и Турција, а ќе има уште два тима од Стариот Континент кои уште повеќе ќе ја засилат конкуренцијата. Од Америка ќе бидат Бразил, Венецуела, Порторико, Доминиканската Република и Канада (ќе има уште два тима од таму), од Азија и Океанија засега сигурен е Нов Зеланд, а од Африка ќе има три тима, од кои едниот е познат, Тунис.

Во тие борби за место на ЛОИ во Токио, ќе има 24 тима поделени во четири групи. Секоја група ќе има по шест тима и само победниците од секој од четирите турнири ќе одат на ЛОИ.

Место на олимпискиот турнир засега обезбедија Нигерија, Аргентина, САД, Иран, домашната Јапонија, Шпанија, Франција и Австралија.

- Оглас -

Најнови вести