Кошмарна зимска ноќ во Есен за Баер Леверкузен (Видео)

Есен, членот на Регионалната германска лига, приреди првокласна сензација со победа од 2:1 по продолженија против бундеслигашот Баер Леверкузен и успеа да се пласира во четвртфиналето во Купот.

По регуларниот дел беше нерешено без голови, па се играа продолженија двапати по 15 минути, во кои нисколигашот успеа да приреди подвиг.

Баер поведе со голот на Бејли во 105-тата минута и се чинеше дека сепак ќе успее да мине понатаму во популарниот ДФБ покал, но домаќините направија пресврт.

Со голот на Кефкир во 108-мата минута израмнија, а голема радост им донесе Енгелман со победнички гол за сензација во 117-тата минута.

Погодокот на Енгелман можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова беше и реванш на Есен за поразот од Баер Леверкузен во Германскиот куп во 2002 година, кога Фармацевтите славеа со 1:0, исто така на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести