Косово со два златни медали е во Топ 10 најуспешни земји во досегашниот дел од ЛОИ во Токио. Според медиумите од регионот, токму Косово е земја која дава најголем стимул за освојување на олимписки медал.
За златните медали на Ѓакова и Красниќи предвидени се по 100.000 евра премија.
Србија како премија за златен медал дава 70.000 евра, а среброто е 60.000 евра. Во Црна Гора златото се вреднува со премија од 35.000 евра, а среброто со пет илјади евра помалку.
Хрватите за злато имаат предвидено премија од 22.600 евра, а среброто им „вреди“ 12.200 евра. Најслаба со премии од регионот е Босна и Херцеговија, која за каков било медал дава премија само од 2.300 евра.
Македонија денеска го освои првиот медал на ЛОИ во Токио, откако Дејан Георгиевски го освои среброто на турнирот во таеквондо во категорија над 80 килограми.