Костакурта сакаше да покаже како дефанзивец треба да блокира шут и самиот се повреди (Видео)

Алесандро Костакурта, легендарниот дефанзивец на Милан, веќе подолго време работи како стручен коментатор на мечевите од Серија А. Еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата на италијанскиот фудбал беше дел од телевизиска емисија, на која го анализираше дуелот меѓу Милан и Калјари.

Росонерите победија со убедливи 5:1, а Костакурта имаше забелешки за тоа како се бранеле играчите на Калјари. Костакурта смета дека првиот гол на Милан што го постигна Бенасер е по вина на гостинскиот дефанзивец, кој не реагирал навремено да го блокира ударот на противникот.

Костакурта сакаше да покаже како треба да се блокира еден удар, но во истиот момент почувствува болка во задниот дел на бутниот мускул на десната нога. Легендарниот дефанзивец се повреди, но, за среќа, не се работи за ништо сериозно.

- Оглас -

Најнови вести