Костелиќ згрме: Идиотизам е да се постави ваква патека во Светски куп

Најуспешниот хрватски скијач, Ивица Костелиќ беше бесен по завршувањето на машкиот слалом на Сљеме во Загреб, а имаше многу забелешки на поставената патека.

Швајцарецот Јулиен Вигњие беше задолжен за поставената патека на која се возеше слаломот од Светскиот куп, а Костелиќ не беше задоволен.

„Ова е идиотизам. Нема врска со натпреварување од рангот на Светскиот куп. Па ова беше патека за деца. Во Светскиот куп мора да има некакви критериуми“, изјави Костелиќ.

Интересно е што неговиот татко Анте Костелиќ, порано беше многу критикуван од скијачите дека неговите патеки беа претешки и нелогични на многу врвни натпревари во Светскиот куп.

Французинот Клеман Ноел победи на Сљеме, пред Зенаусерн од Швајцарија и Винацер од Италија, а бесот на Костелиќ веријатно се базира и на лошиот пласман на хрватските скијачи.

Леон Никиќ е најдборопласираниот домашен слаломист на 39. позиција, а веднаш зад него е Филип Зубчиќ од кого се очекуваше висок пласман и сигурни бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести