Коцкестите безмилосни и против Белорусија

Ракометната репрезентација на Хрватска ја оствари втората победа на ЕП совладувајќи ја Белорусија со убедливи 31:23. Коцкестите со вториот сигурен триумф го осигураа местото во следната фаза од шампионатот, откако претходно беа пресилни и за Црна Гора.

Хрватите ја оправдаа фаворитската улога уште во првото  полувреме кое го добија со +5 при резултат од 15:10, а нивното темпо не падна ниту во вторите 30 минути.

Со убедливи 32:24, Холандија ја запиша првата победа на првенството против Летонија, додека Унгарија минимално славеше против Русија со конечни 26:25.

- Оглас -

Најнови вести