Ковчегот со телото на Пеле е префрлен на стадионот на Сантос (Видео)

Ковчегот со телото на Едсон Арантес до Насименто Пеле, денеска е префрлен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло на стадионот на Сантос „Урбано Калдеира“ каде навивачите за последен пат ќе можат да се простат од легендарниот фудбалер.

Со цел да се простат од најдобриот фудбалер во 20-от век во изборот на ФИФА, огромен број на Бразилци пристигнаа во градот Сантос во сојузната држава Сао Пауло.

Погребот на Пеле ќе се одржи утре, а погребната поворка ќе помине и низ населбата во која живее мајката на фудбалерот, Селест која има 100 години.

- Оглас -

Најнови вести