Ковид-19 и во Ајакс – Копјаниците ќе играат против Митјиланд без Тадиќ, Класен, Онана и Гравенберх

Ајакс има големи проблеми пред гостувањето кај Митјиланд утре, во меч од Лигата на шампионите, а вкупно 11-мина фудбалери од првиот тим и од втората екипа што се натпреварува во Втората холандска лига имаат позитивни тестови на ковид-19.

Копјаниците веќе отпатуваа за Данска, каде што утре од 21 часот ќе го играат третиот меч во Д групата против Митјиланд.

Официјално не е објавено колку играчи од А тимот се позитивни на корона-вирус, а колку од нив се дел од Јонг Ајакс, вториот фудбалски погон на холандскиот гигант.

Но, според составот што отпаува за Данска, може да се претпостави дека Тадиќ, Класен, Онана, Стекеленбург и Гравенберх имаат позитивни тестови на ковид-19 бидејќи не беа во авионот со кој Ајакс патуваше за Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести