Станува сериозно – Ковид-19 му го одзема здивот, Понграчиќ едвај излезе од терен

Марин Понграчиќ беше заменет на полувремето на дуелот меѓу Унион Берлин и Волфсбург, вчера во Берлин, откако се пожали на тешкотии со дишењето.

Стоперот на Волсфбург и член на хрватската репрезентација не можеше да дојде до здив, па мораше да биде заменет на почетокот на второто полувреме.

Маките на 23-годишниот играч почнаа во ноември, лани, кога имаше позитивен тест на Ковид-19 на собирот на хрватската репрезентација.

Следеше вообичаениот карантин, а потоа го нападна и грозница, па сега повторно има проблеми со корона-вирусот.

„Марин не е подготвен стопроцентно и за жал не знаеме точно како Ковид-19 влијаеше на неговото здравје“, изјави тренетот на Волфсбург, Оливер Гласнер.

Понграчиќ играше на последните пет натпревари за Волфсбург, имаше и неколку грешки, но сега е јасно дека имал и големи проблеми и последици од Ковид-19.

 

 

- Оглас -

Најнови вести