Ковид-19 пак ја нападна Англија – Веќе се одложени 43 натпревари, може да има уште

Англичаните повторно имаат големи проблеми со ковид-19 и веќе објавија дека голем број празнични фудбалски натпревари се одложени.

Засега ги има 43 во пониските лиги од Премиер лигата, а и таму во елитниот ранг вчера не се одигра дербито меѓу Евертон и Манчестер сити поради нов број заразени во таборот на популарните Граѓани.

Во Чемпионшип, Лига 1, Лига 2 и во уште пониските лиги се очекува да има уште одложени мечеви бидејќи ситуацијата со корона-вирусот повторно зема замав во Велика Британија.

За денешното коло и за тоа што треба да се одигра на први и на втори јануари и потоа и на петти и на 9 јануари, веќе се одложени вкупно 30 натпревари, но можно е да има и дополнителни проблеми и нови одложувања, што ќе го измени и календарот на одигрување во сите лиги, освен во Премиер лигата.

Во најсилното англиско првенство засега нема најави за поголеми проблеми, па останува само едниот одложен меч, тој од вчера што не се одигра на „Гудисон парк“.

 

- Оглас -

Најнови вести