Ковид-19 повторно се појави во Џенова

Кристијан Запата е членот на Џенова кој е позитивен на ковид-19 по последните контролни тестирања во пресрет на дуелот против Рома. Корона-вирусот се појави во клубот за којшто настапува Горан Пандев по само еден месец откако Џенова имаше огромни проблеми со опасниот вирус, кога имаше дури 22 активни случаи во екипата.

Запата не беше дел од заразените фудбалери, кои пак се вратија на клупските обврски пред минатонеделното градско дерби против Сампридја. Дефанзивецот веднаш е изолиран од екипата, па според протоколот ќе мора да седи 14 дена во карантин.

Само еден активен случај нема да направи проблем за Џенова, па така дуелот против Волчицата останува да се одигра според програмата. Што се однесува за Пандев, доколку остане само на еден активен случај, клубот ќе му дозволи да се приклучи на македонската репрезентација за најважниот дуел во нашата историја, мечот против Грузија на 12 ноември за пласман на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести