Кожуф остана единствен перфектен откако го доби дербито против Пелистер

Екипата на Кожуф се радуваше на свој терен против Пелистер во дербито од петото коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Кожуф водеше со 2:1 на полувреме, а во второто поувреме двата тима постигнаа по еден гол и на крајот Кожуф славеше победа од 3:2.

По оваа победа на Кожуф и поразот на Беса на гости кај Детонит, сега тимот од Гевгелија е единствен со перфектен биланс од пет победи. Детонит сега е втор на табелата со 13 бодови.

На гостински терен се радуваа Арсими против Караорман со убедливи 6:0, Охрид со 3:0 победи кај Осогово, а Тетекс со 2:1 победи на гости кај Саса.

Резултати 5. коло: Беласица –Победа 3:1, Детонит – Беса 2:0, Саса – Тетекс 1:2, Караорман – Арсими 0:6, Кожуф –Пелистер 3:2, Новаци – Башкими 1:0, Осогово – Охрид 0:3, Вардар (Н) – Скопје 2:0.

- Оглас -

Најнови вести