-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Крај на серија која траеше 21 години

Леброн Џејмс за првпат после 22 години нема да биде стартер на ол-стар натпреварот во НБА.

Најдобриот стрелец во историјата на лигата повеќе од две децении редовно добиваше доволно гласови за да биде во првата петорка, но таа неверојатна серија од 21 години во кои бил стартер, завршува. Годинава тој е дури осми по бројот на гласови од играчите од западната конференција.

НБА ги објави првите петорки врз основа на гласањето на фановите, играчите и новинарите.

На Западот, тоа се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шај Гилџиус-Александер, Стеф Кари и Виктор Вембањама. На Истокот, најмногу гласови добија Јанис Адетокумбо, Кејд Канингем, Тајрис Макси, Џејлен Брансон и Џејлен Браун.

Инаку годинава првпат треба да се игра ол-стар меч помеѓу играчи од САД против сите останати. Од САД ќе има два тима со 16 кошаркари, а еден тим со осум играчи ќе биде таканаречен на светот и ќе биде супер силен, предводен од Јокиќ, Дончиќ, Адетокумбо, Вембањама, Гилџиус-Александер…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести