Кралевите го добија тоа што сите го сакаа: Реал го потврди трансферот на најголемиот талент во светот!

Актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид се пофали дека го официјализирал трансферот на бразилското чудо од дете, Ендрик. Тинејџерот кој има само 16 години ќе го облече дресот на Кралскиот клуб.

„Договорот и документите се потпишани во последните 24 часа, па сега ова може да се смета за завршена работа“, објави Фабрицио Романо.

Ендрик ќе има право да заигра за Реал Мадрид дури кога ќе наполни 18 години, што значи дека на шпанскиот гигант ќе му се приклучи дури во јуни 2024 година, а дотогаш ќе го носи дресот на Палмеирас.

Договорот ќе биде до 2027 година, со опција за продолжување на уште три години, што значи дека би останал на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2030 година. Ендрик сезонава во 21 меч за Палмеирас постигна 12 голови, а имаше и една асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести