Кралевите подготвуваат одмазда за Вилјареал, Граѓаните ќе ја прекинат серијата порази

1002 Манчестер сити – Тотенхем (21.00 часот)

Манчестер сити влезе во мини криза со двата порази што ги доживеа од Саутемптон во Лига купот од 2:0 и од Манчестер јунајтед до 2:1 во Премиер лигата и вечерва ќе се обиде да стави крај на црната серија. Противник на Граѓаните е Тотенхем кој минатиот викенд загуби во големото лондонско дерби од Арсенал со 0:1 и сега има пет бода помалку од четвртопласираниот Њукасл.

Иако Тотенхем е незгоден ривал за Граѓаните, победи на последниот меч што се играше на „Етихад“ стадионот, вечерва се ќе зависи од Граѓаните кои се очекува од првата минута да тргнат офанзивно, а Халанд да покаже дека може да постигнува голови и на дерби пресметките.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

 

3638 Јувентус – Монца (21.00 часот)

Јувентус минатиот викенд со дебаклот во Неапол, ја прекина серијата од осум триумфи во Серија А, а вечерва има шанса да се врати на победничките патеки. Старата дама пред своите гледачи игра против Монца во осминафиналето на Купот на Италија и е апсолутен фаворит. Играчите на Јувентус вечерва ќе имаат шанса да и се реваншираат на Монца за поразот од 1:0 од пред четири месеци во рамки на Серија А.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.01)

 

3617 Аталанта – Специја (15.00 часот)

Екипата на Аталанта заедно со Наполи го одбележаа минатиот викенд во Серија А, Наполи го торпедира Јувентус со 5:1, а Аталанта беше уште поефикасна, славеше над Салернитана со 8:2. Во досегашните меѓусебни дуели, Аталанта славела на двата меча што ги играла на домашен терен и притоа постигна осум гола (3:1 и 5:2). Традицијата, но и неверојатната победа над Салернитана се потврда дека Аталанта е фаворит на денешната средба.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.96)

 

2836 Фенербахче – Ризеспор (18.30 часот)

Тимот на Езгјан Алиоски, Фенербахче им се врати на победите откако пред две недели беше убедливо поразен во големото дерби од Галатасарај. Фенербахче во последното коло во турската Суперлига 2:1 славеше на гостувањето кај Газиантеп, а вечерва фудбалерите се апсолутни фаворити во дуелот со второлигашот Ризеспор во рамки на осминафиналето на турскиот куп. На последните два меѓусебни натпревари, Фенербахче славеше убедливо давајќи дури 10 гола (6:0 и 4:0).

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.00)

 

1364 Вилјареал – Реал Мадрид (21.00 часот)

Реал Мадрид вечерва има шанса да се одмазди за поразот што го доживеа на 7. јануари на стадионот „Де ла Керамика“. Кралевите му гостуваат на Вилјареал во рамки на шпанскиот Кралски куп. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, одлучи да го остави уморниот Лука Модриќ во Мадрид, но со Карим Бензема и Винисиус жуниор како предводници во нападот, очекува неговите фудбалери да се реваншираат за поразот од 2:1. Победата е императив за фудбалерите на Реал бидејќи во неделата загубија во финалето на шпанскиот Суперкуп од најголемиот конкурент, Барселона (3:1).

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.80) 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести