Кралевите со покер голови во мрежата на Осасуна се вратија на врвот на Ла Лига (Видео)

Екипата на Реал Мадрид со убедлива победа од 4-0 на домашен терен над Осасуна се врати на врвот во Ла Лига. Засилувањето Џуд Белингам беше стрелец на два погодоци, во 9-тата и во 54-тата минута, додека останатите два гола беа дело на Винисиус и Хоселу.

“Кралевите“ сега со 24 бодови се на првата позиција на табелата пред Жирона со 22, но Барселона има меч помалку и може да се искачи на втората позиција со бод помалку од Реал.

На листата на стрелците убедлив на првото место е Џуд Белингам со осум голови, три повеќе од второпласираниот Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести