Кралска игра на Реал, паѓа митот за цврстата одбрана на Атлетико

Реал го победи Атлетико со 2-0 во мадридското дерби и побегна на 13 бода во однос на градскиот ривал, кој има и еден меч помалку. Актуелниот првак има примено 18 гола во 16 кола, а во минатата сезона 18-тиот гол го прими во 28-мото коло. Нападот беше опасен, но кога ќе се заканеа Јорганџиите, бранеше Тибо Куртоа.

Карим Бензема (играше само во прво полувреме) и Марко Асенсио (негов прв гол против Атлетико) беа стрелци на головите, а асистент при двата гола беше Винисиус.

За Карло Анчелоти ова е прва лигашка победа против Атлетико, а Реал има серија од 21 меч без пораз на свој терен и 11 меча без пораз во дуелите со најлутите ривали Барселона и Атлетико.

https://twitter.com/i/status/1470143281975672836

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести