Карим Бензема му понудил на Родриго да го шутира пеналот во петтата минута од првото продолжение за да му овозможи на соиграчот да постигне хет-трик, што е потег од кралски манири на ѕвездата на Реал Мадрид.
Тоа беше и клучниот момент за победа на Реал Мадрид и пласман во финалето во Лигата на шампионите, а шпанските медиуми објавија за потегот на Бензема.
Родриго одбил да го шутира пеналот, со логично образложение дека Бензема е тој што е сигурен пеналџија, а Карим рутински погоди за конечна победа од 3:1, доволна за пласман во финалето и меч за европска титула против Ливерпул на 28 мај во Париз.
Родриго блескаше во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ откако влезе во игра во 68-мата минута и во финишот на мечот со два гола во 90-тата и во 92-рата минута направи пресврт за победа од 2:1 во регуларниот дел и донесе продолженија за Реал.
Бензема потоа го погоди пеналот што му го понуди на Родриго да го шутира, а Реал од изгубена ситуација стигна до нов подвиг во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/ElGolazoDeGol/status/1522200690310795266?s=20&t=m2xs4tzYbAMAYDXvaO50nQ
Слично сценарио Кралевите приредуваа и во осминафиналето против ПСЖ, кога тргнаа со 0:1 во реваншот и први примија гол на „Сантијаго Бернабеу“, но победија со 3:1 и поминаа понатаму.
Подвизите продолжија и во четвртфиналето со Челзи, кога по победата од 3:1 на гости, дома губеа со 0:3, но пак дадоа голови за да избегнат елиминација и со пораз од 2:3 се пласираа во полуфиналето.
И тука по поразот на гости од 4:3 примија гол за 0:1 во 73-тата минута, но и го елиминираа и Манчестер сити со победа од 3:1 по продолженија.