Кралски план на Реал – Халанд доаѓа веднаш, Мбапе ќе биде шлагот за 2021

Ерлинг Бро Халанд ќе го засили Реал Мадрид во летниот преоден рок, кога и да биде времето за трансфер-пазарот поради Коронавирусот, а кралскиот план на најтрофејниот европски клуб би бил заокружен со ангажманот на Килијан Мбапе следната година.

Ваква најава има шпанската „Марка“, медиум што му е наклонет на Реал Мадрид. Според нив, Кралскиот клуб ќе го купи Халанд за сума од 75 милиони евра, што ќе треба да ги уплати на контото на Борусија Дортмунд, а за Мбапе, ако дојде до трансфер следната година, допрва треба да се договара отштетата што треба да ја добие Пари Сен Жермен.

Халанд сезонава се пресели од Салцбург во Борусија, игра извонредно, па сега притисна Реал за да го ангажира. Популарните Милионери, според „Марка“, ќе бараат отштета од 75 милиони евра, што не е недостижно за клуб од рангот на 13-кратниот европски првак.

Мбапе ќе чини многу повеќе, сигурно не под 180 милиони евра, колку што ПСЖ му плати на Монако при трансферот на еден од најбрзите и најквалитетни офанзивци на планетата.

Ако се реализира планот, би донело концентрација на екстра квалитет во Реал, кој би имал нов дрим-тим или, како што ја нарекуваат тие, нова фудбалска Галаксија.

- Оглас -

Најнови вести