Кратко траеше авантурата на Рамос во ПСЖ – Следна дестинација најпознатиот тим во МЛС-лигата

Серхио Рамос никако да одигра натпревари во континуитет за Пари Сен Жермен.

Искусниот дефанзивец од почетокот на сезоната редовно има проблеми со повредите и во досегашниот тек од сезоната има одиграно само четири натпревари.

Спас од мизеријата во ПСЖ му нуди најпознатиот тим од САД, Лос Анџелес галакси, каде што во минатото настапуваа Златан Ибрахимовиќ, Дејвид Бекам, Стивен Џерард и други познати фудбалери.

Додека во моментов таму настапува Хавиер Ернандес, Чичарито, кој своевремено беше дел од Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Тимот од МЛС-лигата не е подготвен да му плати обесштетување на ПСЖ и го посакува Шпанецот бесплатно, односно откако Рамос и францускиот клуб ќе го раскинат договорот.

- Оглас -

Најнови вести