Креспо приреди сензација со „малата“ Хустисија, сега ќе биде тренер на голем клуб

Ернан Креспо покажа дека е и добар тренер, по одличната фудбалска кариера и сега ќе има можност да биде кормилар на бразилскиот гигант Сао Паоло во следните две сезони.

Договор веќе постигнат, но поради проблематичните трансфери во екот на пандемија со Ковид-19, Креспо нема да дебитира на клупата на шесткратниот бразилски првак во недела на суелот со Гремио.

Аргентинецот успеа со релативно анонимната екипа на Дефенса и Хустисија да мине шампионски пат во Копа Судамерикана, натпреварување во Јужна Америка што е во рангот на Европа Лигата на Стариот континент, што е прв значаен пехар во 83-годишната историја на клубот.

Тоа беше одлична препорака да биде именуван за нов тренер на големиот Сао Паоло, екипа што шест пати беше првак на Бразил и има три титули во Јужноамериканската Лига на шампиони, или натпреварување познато како Копа Либертадорес.

Сао Паоло беше и светски првак во 2005 година, но моментно е во криза со серија од 8 меча без победа на четвртото место во бразилското првенство, последно што води во Копа Либертадорес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести