Вечерва се одиграа првите полуфинални дуели во Лига Европа и Конференциската лига, а најголема предност пред реваншот оствари Кристал Палас кој со 3-1 славеше на гости во Краков (Полска) кај украински Шахтар.
Англискиот тим поведе после само 21 секунди игра со погодок на Исмаила Сар и тоа е најбрз гол во историјата на Конференциската лига, a втор најбрз во историјата во полуфиналињата или финалињата во еврокуповите. Палас е пред пласман во финалето, во кое ќе се сретне со Рајо Ваљекано или Стразбур. Шпанскиот тим дома победи со 1-0 и му донесе нови бодови на шпанскиот фудбал во трката со Германија за петти тим во Лигата на шампионите колку што ќе има и Англија.
Во Лига Европа реваншите ќе бидат неизвесни и ќе решаваат кои два тима ќе одат во финалето. Англиското дерби помеѓу Нотингам форест и Астон Вила им припадна на Шумарите со 1-0 со гол од пенал. Брага во 92-ра минута дојде до победа над Фрајбург од 2-1.

