Екипата на Ал-Наср со минимални 0-1 победи на првиот натпревар од осминафиналето на азиската Лига на шампиони против локалниот ривал Ал-Феиха. Единствениот погодок на мечот беше дело на Кристијано Роналдо во 81-вата минута.
Патникот во четвртфиналето ќе биде одлучен на реваншот, но предноста од 0-1 го носи Ал-Наср со едната нога во следната фаза и чекор поблиску до остварување на целта, а тоа е трофејот од ова натпреварување.