Кристијано Роналдо и Бернардески се посрамотија против Лече (Видео)

Вистинско чудо е како Јувентус не води по првото полувреме против Лече, бидејќи играчите на Старата дама утнаа две 100 отстотни шанси. Гостите имаат и играч помалку, по заслуженото исклучување на Лучони, но не примија гол во првите 45 минути.

Меѓу играчите на Јуве кои се посрамотија што не постигнаа гол беше и Кристијано Роналдо, кој после паузата во Серија А, како уште да ги нема наместено нишанските справи. Нема објаснување како тој не ја застресе мрежата од неколку метри кога топката ја удри со глава по нафрлување од корнер.

И Бернардески утна од позиција од која потешко беше да се утне отколку да се даде гол:

https://twitter.com/i/status/1276615864779931654

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести