Кристијано Роналдо откри во која екипа ќе се пензионира, но и најави: „Никогаш нема да бидам тренер“

Кристијано Роналдо веќе трета сезона е дел од екипата на Ал-Наср од Саудиска Аарабија откако во јануари минатата година се пресели од Манчестер јунајтед. Иако има 39 години, Португалецот не размислува за пензија, но откри и во кој клуб би се пензионирал.

„Не знам дали ќе се пензионирам наскоро или за две или три години, но кариерата веројатно ќе ја завршам тука, во Ал-Наср. Среќен сум во клубот, се чувствувам многу добро во оваа земја и сакам да играм во Саудиска Арабија. Сакам да продолжам тука“, рече Кристијано Роналдо.

Португалецот на новинарско прашање дали по завршувањето на кариерата ќе биде тренер, најави дека во никој случај тоа нема да се случи.

„Во моментов не размислувам за тоа да бидам тренер на некоја екипа. Ни на крај на паметот не ми е. Никогаш и не сум размислувал за тоа. Не се гледам во улога на тренер. Се гледам како човек кој прави некои други работи, надвор од фудбалот, но само Господ знае што ќе ни донесе иднината“, додава Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести