Кристијано се најде во незгодна ситуација, Мекгрегор држеше монолог (Видео)

Кристијано Роналдо се најде во публиката на боксерски меч во Саудиска Арабија, но ја имаше среќата или можеби несреќа до него да седне легендарниот ирски боксер, Конор Мекгрегор.

Ирецот веднаш започна конверзација со човекот што беше седнат до португалецот, но разговорот како да не му се допадна на Кристијано Роналдо. Мекгрегор се обиде и да се ракува во фудбалската ѕвезда, кој прво се чини дека одби да го стори тоа, но потоа ирецот се извади од ситуацијата и се обиде да ги спореди часовниците кои ги носат.

Видеото и изразот на лицето на Кристијано Роналдо говори во каква незгодна ситуација се најде португалецот.

- Оглас -

Најнови вести