Крос му одговори на Руни: “И минатата година велеше така …“

Реал Мадрид и Манчестер сити утре ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а атмосферата се вжештува со изјави иако од едната страна е поранешен фудбалер на Јунајтед.

Вејн Руни ги испровоцира фудбалерите на Реал Мадрид со изјавата дека Манчестер Сити лесно ќе се пласира во финалето, а одговор доби од Германецот во Реал Мадрид, Тони Крос.

„Исто беше и минатата година. Никој не очекуваше дека ќе победиме, но на крајот победивме. Се сеќавам на зборовите на Руни, но и други го велеа тоа. Тоа не ни влијае нам, ниту дополнително нè мотивира бидејќи не може да бидеме помотивирани од моментот дека се бориме за влез во финалето“, изјави Крос.

- Оглас -

Најнови вести