Крушата под круша паѓа, Шмајхел е пред трансфер во Манчестер јунајтед

Доколку англиските медиуми се во право, тогаш на голот на Манчестер јунајтед во следната сезона ќе стои Данецот Каспер Шмајхел, кој е чувар на мрежата на Лестер. Каспер е син на Петер Шмајхел, легендарниот голман кој ја освои ЛШ со Јунатед во 1999 година, кога соиграч му беше актуелниот менаџер на клубот, Оле Гунар Солскјер.

Солскјер најдобро знае што значеше стариот Шмајхел за Манчестер, а сега верува дека неговиот син работата ќе си ја врши подобро отколку Давид Де Геа, кој е скап, а сезонава не беше во добра форма и прими многу киксерски голови и довербата во него е загубена.

Враќање на „Олд Трафорд“ ќе има младиот Дин Хендерсон кој беше одличен како позајмен во Шефилд јунајтед, но според Солскјер, Хендерсон уште не е подготвен да биде стартер на Црвените ѓаволи. Не е исклучено 23-годишниот Хендерсон пак да биде испратен на позајмица.

Искусниот 33-годишен Каспер Шмајхел има уште три години од договорот со Лестер, со кој во 2016 ја освои Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести