Далас маверикс и Лос Анџелес клиперс го играат шестиот меч од првото коло во плејофот, а првата четвртина ја одбележа еден непријатен момент. Маркус Морис од Клиперс реши на крвнички начин да се обиде да го сопре Лука Дончиќ.
Словенецот, кој е лидер во тимот на Далас, во еден напад тргна да положува, а Морис, кој беше покрај Дончиќ, безмилосно буквално го истепа противникот со двете раце. Лука падна на паркетот, а Морис сакаше да иницира и тепачка, но тоа не се случи.
По прегледување на целата ситуација, судиите го исклучија Морис. Тоа е играчот кој и во претходниот дуел имаше непријатен контакт со Дончиќ. Словенецот се жалеше на повреда на глуждот на ногата, а Морис намерго го згазна противникот директно на повреденото место. Сега реши пожестоко да го повреди Дончиќ, но тоа не му успеа и заработи исклучување.
Marcus Morris was given a flagrant 2 and was ejected for this foul on Luka Doncic. pic.twitter.com/Cr7iTOegJe
— SportsCenter (@SportsCenter) August 30, 2020
Marcus Morris has been ejected for this foul on Luka Doncic pic.twitter.com/uY1R0DomW8
— The Undefeated (@TheUndefeated) August 30, 2020