Крвничкиот старт на Верати поради кој ПСЖ остана со играч помалку, а потоа остана и без победа (Видео)

Пари Сен Жермен не ја започна најдобро 2023 година, па во четири кола во француското првенство има само една победа. Последното разочарување за Светците беше дуелот против Ремс откако одиграа само 1:1 на „Паркот на принцовите“. Гостите до бод стигнаа со гол во 96-тата минута, што е најдоцна примен погодок на ПСЖ, откако постои овој статистички податок да се следи.

Како една од главните причини зошто ПСЖ не победи, сигурно е и фактот дека останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Марко Верати. Италијанскиот репрезентативец во игра влезе на почетокот на второто полувреме, а само по 13 минути, доби директен црвен картон.

Верати крвнички стартуваше директно на зглобот на противничкиот играч со цел да спречи еден напад на Ремс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести