Крвта не е вода (фото)

Шампионското славје на „Камп ноу“ траеше доцна во ноќта. Барселона по 26-ти пат стана шампион на Шпанија, а фудбалерите заедно со публиката и своите семејства се забавуваа на тревникот.

Камерите „уловија“ еден момент по кој фудбалските фанатици започнаа да се сеирчат со напаѓачот на Барселона, Луис Суарес. На фотографијата јасно се гледа како неговиот син пробува да го гризне, па се чини дека ова е нормална појава во семејството на Уругваецот.

Суарес во фудбалот не е познат само по голгетерскиот инстинкт. Во минатото Суарес беше на удар на критики во неколку наврати. Првиот скандал го направи во Холандија, а потоа носејќи го дресот на Ливерпул во еден меч против Челзи го гризна дефанзивецот на „сините“, Бранислав Ивановиќ.

Во 2014 година го направи истото, за време на СП во Бразил, Суарес во судир со Кјелини го направи истото, по што му следуваше долга суспензија.

Иако сега веќе е не прави такви глупости, голгетерот на Барса си доби „наследник“ во гризење. Ова е доказ дека крвта не е вода…

https://twitter.com/FootyHumour/status/1122288028398039040?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1122288028398039040&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fslika-obisla-svet-suarez-je-grizao-na-sve-strane-iver-ne-pada-daleko-od-klade-374666.html

- Оглас -

Најнови вести