Кукоч: Многу ме интересира кои се луѓето што одлучуваат кој ќе влезе во Куќата на славните

Трикратниот НБА-шампион Тони Кукоч не се потресе многу што и оваа година не влезе во Куќата на славните на НБА-лигата, но изјави дека би сакал да дознае кои се луѓето што одлучуваат за тоа.

„Искрено, многу повеќе ми значи тоа што играв покрај Мајкл Џордан и што освојував титули со него. За влезот во Куќата на славните не можам да влијаам. За тоа треба да се прашаат оние што одлучуваат кој ќе влезе, но никој не знае кои се тие. Наводно никој не знае кои се луѓето кои ги носат тие одлуки бидејќи никогаш не се јавно претставени, а би сакал да знам кои се. Дали би сакал да бидам дел од Куќата на славните? Секако дека да, но еве мина уште една година и тоа не се случи.

Кукоч во иднина сигурно ќе влезе во Куќата која се наоѓа во Спринфилд и ќе им се придружи на легендарните хрватски екскошаркари Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раѓа, но прашање е кога ќе се случи тоа. Годинава влегоа починатиот Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет.

- Оглас -

Најнови вести