Култниот „Хајбери“ денес е станбен комплекс (фото)

Некогашниот дом на Арсенал, стадионот „Хајбери“, одамна замина во легендите и денес е станбен комплекс.

Топчиите на тој стадион ги бележеа најголемите успеси во клупската историја, а откако го напуштија во 2006 година и се преселија на модерниот „Емирати“, така и успесите на лондонскиот клуб се сведоа на минимум.

Станбениот комплекс кој во 2009 година го отвори Арсен Венгер сега се вика „Хајбери сквер“, во кој има околу 700 живеалишта, а за изградбата беа потрошени околу 130 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести