Култниот стадион се претвори во болница во битката со Коронавирусот

Култниот стадион на Борусија Дортмунд, познат како „Вестфален“, или како што моментно се нарекува „Сигнал Идуна парк“ веќе е пренаменет во еден дел од подтрибинскиот простор на Северната трибина во болница во која ќе се лекуваат заразени од Коронавирусот.

Најголемиот стадион во Германија со капацитет од малку повеќе од 81 илјади места е ставен во погон во битката против епидемијата што ја зафати и една од најбогатите земји на светот.

Германските здравствени власти брзо реагираа со помош на челниците на Борусија и во експресен рок опремија современа болница во еден дел од стадионот.

„Нашиот стадион има модерна инфраструктура, лесни и брзи приоди и е идеално место за да се помогне во вакви тешки моменти во битка со епидемијата. Воопшто не размислувавме за ваков проект и се надеваме дека ќе придонесеме барем малку за успешно да се справиме со Коронавирусот“, објавија популарните Милионери.

 

- Оглас -

Најнови вести