Кулушевски брзо се снајде во Јувентус, ќе бидат спектакуларен тандем со Роналдо (Видео)

Дејан Кулушевски го одигра првиот меч за Јувентус и веднаш најави дека ќе биде спектакуларен тандем со Кристијано Роналдо.

Првиот гол за Старата дама на пријателскиот дуел со Новара беше по одлична акција на Квадрадо и Рабио, а завршницата им припадна на Кулушевски и на Роналдо.

Кулушевски одлично го проигра Португалецот, а Кристијано погоди рутински за предност на Јувентус.

Потоа имаше доста измени во редовите на Старата дама, а мечот со Новара беше вистинска шанса и за новиот тренер, Андреа Пирло да ја провери формата на повеќе играчи.

Во второто полувреме во кое не играа Роналдо и Кулупевски, а се претстави уште едно засилување, Артур Мело, Јувентус постигна уште четири гола.

Арон Рамзи погоди во 57. минута, Марко Пјаца беше прецизен во 66. минута, а Портанова со два гола во судиското продолжение  ја потврди очекуваната победа на фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести