Куман беше кобен за Англија пред 31 година, вечерва може повторно да ги расплаче (Видео)

Роналд Куман пред 30 години беше една од најомразените фудбалски личности во Англија, актуелниот холандски селектор тогаш како играч, на контроверзен начин го спречи Гордиот Албион да учествува на Мундијалот во САД во 1994 година.

СП во 1994 е последниот голем настан кој англиската фудбалска репрезентација го има пропуштено, а Англичаните уште жалат за начинот на којшто не се пласираа на тоа првенство.

Во последното коло од квалификациите, во Ротердам играа Холандија и Англија. На Англичаните доволен им беше и бод, Холандија мораше да победи за да оди на СП. Куман направи еден фаул над Дејвид Плат за којшто доби само жолт картон, иако подоцна и самиот Куман призна дека требало да биде исклучен бидејќи Англичанецот беше сам пред холандскиот голман. Фаулот беше блиску до линијата на 16-никот, а германскиот судија процени дека нема пенал, туку на Англичаните им даде слободен удар.

Така Куман наместо да биде испратен во соблекувална, благодарение на судијата кој не му даде црвен картон, остана на теренот. Само пет минути подоцна, Куман даде гол од слободен удар за водство на Лалињата од 1-0. На крајот Холандија победи со 2-0 и ја шокира Англија, која остана без место на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести