Куман е разочаран, Барса е на колена на три фронта

Роналд Куман е разочаран по ремито на Барселона против Кадис 1:1 и веројатно ќе добие и отказ бидејќи шпанскиот гигант е на колена на три фронта.

Титулата во Ла Лига по денешниот неуспех против Кадис е далеку за Барса, екипа која е речиси и елиминирана од Лигата на шампионите по домашниот пораз од ПСЖ со 1:4 во првиот осминафинален меч, а има и негатива од 0:2 пред реваншот со Севилја во полуфиналето на Копа дел Реј.

„Многу сум разочаран. Не сакам да барам виновници, а верувам дека трката за титулата во Шпанија не е решена. Еднакво е тешко за Барселона како и пред дуелот со Кадис. И ривалите тешко освојуваат бодови, но вакви киксови веќе не смеат да ни се случуваат до крајот на првенството“, изјави Куман.

Барселона има 8 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид и пет од вечниот ривал Реал Мадрид на 15 натпревари до крајот на сезоната во шпанската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести