Куман немал нерви да го гледа Реал против Севилја, по 20 минути го заменил со италијанското дерби

Роналд Куман откри дека немал нерви да го гледа мечот меѓу Реал Мадрид и Севилја што се играше вчера, а директно го кроеше изгледот на табелата во Ла Лига.

Холанѓанецот има интересна изјава, дека само по 20-тина минути од преносот во Мадрид се префрлил на италијанското дерби меѓу Јувентус и Милан.

Кралскиот клуб на радост на Куман и на Барселона не ја победи Севилја, одигра 2:2, па трката на триото екипи, Атлетико Мадрид, Барса и Реал за титулата продолжува и ќе биде исклучително интересна.

„Ги гледав само првите 20-тина минути и потоа се префрлив на италијанското дерби меѓу Јувентус и Милан. Малку бев и нервозен кога ги гледав нашите ривали за титулата“, изјави Куман.

Во последните три кола, Атлетико Мадрид како лидер со 77 бода има најголеми шанси за титулата, а зад него се Барса и Реал со по 75 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести