Барселона со 2:0 славеше на гостувањето кај Севилја во дербито на 25. коло во шпанското првенство, а тренерот Роналд Куман беше презадоволен од триумфот. Каталонскиот гигант даде по еден гол во двете полувремиња и тоа на теренот на кој пред само две недели загуби со 2:0 од истиот ривал.
Изненадување за домаќините сигурно беше тоа што Дембеле во формацијата беше ставен во нападот, а тоа и вроди со плод. Дембеле погоди за 1:0, а потоа прецизен беше и Меси.
„Зошто го ставив Дембеле како напаѓач? Сакав да ја сменам шемата на играта. Првична цел беше да може да играме пресинг на нивната половина. Не ги оставивме да имаат контрола на топката. Првиот гол беше демонстрација на тоа што го сакавме. Покажавме агресивност во текот на целиот дуел. Сега нѐ очекува уште еден дуел против Севилја во Купот и верувам дека можеме да победиме и да се пласираме во финалето. Барселона секогаш треба да победува и да биде на врвот“, рече задоволниот Куман по триумфот на тешктоо гостување на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“.
Со оваа победа, Барселона се искачи на второто место на табелата со со 53 бода, два помалку од лидерот Атлетико Мадирд, но Јорганџиите имаат и две средби плус за играње.