Куман откри зошто Меси беше на клупата за резерви

Барселона запиша убедлива победа од 5-2 над Бетис, во која Лионел Меси во улога на џокер од клупа имаше најголем придонес за победата. Со два погодоци и асистенција, капитенот ги предводеше Каталонците, а по мечот Куман откри зошто одлучи да го седне својот најдобар играч на клупата за резерви.

„Зборувавме пред мечот, Меси чуствуваше одредена болка уште по дуелот со Динамо Киев во ЛШ. Затоа одлучивме да го искористиме како џокер од клупата доколку беше потребно, што и беше случајот. Сите знаеме што може Лео да направи со топката, нормално дека ќе се најдеше во стартните 11 доколку беше потполно подготвен. Се виде колку е важен за нас во второто полувреме“, истакна Куман.

Меси вчера прекина пост од три месеци без погодок од игра, а воедно го прослави 100-тиот реализиран пенал од вкупно 127 обиди во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести