Куман реши да даде оценка за оваа Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, е задоволен од тоа што во досегашниот дел од сезоната го прават неговите избраници и играта на каталонскиот гигант ја рангираше со оценка „10“, како највисока на скалата од еден до десет. Куман е задоволен иако Каталонците имаат големо заостанување во првенството зад Атлетико Мадрид. Барселона утре ќе гостува кај Севилја во полуфиналето од Купот, а тимот од „Камп ноу“ е дел и од нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

„Тешко е да се каже колку е добра сезоната за Барселона. Секогаш нашата цел е да победуваме, но имавме и проблеми со повредените играчи. Сепак, задоволен сум од карактерот на играчите. Располагаме со голем квалитет. На овој тим му давам оценка „10“. Започнавме да играме подобро и стануваме поконцентрирани. Успеавме да направиме и неколку пресврти и тоа посебно ме прави горд“, рече Куман пред дуелот со Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести