Куман се надева, но е песимист дека Меси ќе остане во Барселона

Роналд Куман, тренерот на Барселона, се надева, но е песимист дека Лионел Меси ќе остане во Барселона по крајот на оваа сезона. Холанѓанецот искрено говореше во интервјуто со Алан Ширер за британскиот весник „Атлетик“.

„Не сум убеден дека ќе потпише нов договор, иако остана во клубот оваа сезона. Секако дека се надевам бидејќи уживам да му бидам тренер на Меси. Сите знаеме за каков фудбалер се работи, уште е важен за нас и ни носи победи. Не би можел да го замислам Лео во дрес кој не е на Барселона. Со него имам одличен професионален однос бидејќи е капитен на екипата“, посочи Куман.

Со оглед на тоа дека сезоната уште е во тек, Меси не планира предвреме да донесе одлука околу неговата кариера. Но, она што е познато е дека Аргентинецот може да преговара со други клубови бидејќи му преостанаа само пет месеци.

ПСЖ и Манчестер сити се гигантите кои со нетрпение чекаат да почнат преговори околу евентуален ангажман на трофејниот виртуоз.

- Оглас -

Најнови вести