Куман веќе го знае стартниот тим за дербито против Атлетико Мадрид

Барселона го има најлошиот старт во Примера дивисион во последните 18 години, а дали каталонскиот гигант е подготвен да се најде на победнички патеки, ќе треба да покаже утревечер на дербито против Атлетико во Мадрид. По двете лоши вести за побредите на Ансу Фати и Серхио Бускетс, тренерот на Барселона, Роналд Куман конечно доби и една убава новост.

Филипе Кутињо се опорави од повредата и ќе биде подготвен за дербито против Атлетико. Бразилецот беше во аут уште од 24 октомври кога се повреди на дуелот против Реал Мадрид, а сега е подготвен.

Сепак, според најавите, Куман нема да се осмели Кутињо да го стави во стартниот тим, бидејќи неговото место ќе го завземе тинејџерот Педри. Најавите од Шпанија се дека Барселона против Атлетико Мадрид во стартниот тим ќе биде со формација 4-2-3-1: Тер Штеген – Роберто, Пике, Ленгле, Алба – Де Јонг, Пјаниќ – Меси, Педри, Дембеле – Гриезман.

 

- Оглас -

Најнови вести