Кумановски среќлија и мајстор за прогнозирање има добивка од 170 илјади со 20 денари уплата

Куманово беше градот во кој прогнозерите кои уплаќаат тикети во обложувалниците Sport Life викендов најдобро се офајдија. Шампион е еден прогнозер кој типувал на 8 натпревари и уплатил само 20 денари, а има добивка дури од 170.698 денари.

Вистински шок на овој среќен кумановец му приреди саботниот меч од втората шпанска лига помеѓу Расинг Сантандер и Кадис. Прогнозата беше победа на гостите и дека ќе се постигнат три или повеќе голови. Кадис водеше со 1-0 до 85-тата минута и тикетот беше на пат да падне бидејќи потребни беа уште два гола. Тогаш за домашните беше досуден пенал кој не го реализираа, но сепак изедначија на 1-1. Ова му одговараше на кумановецот во играта дека ќе има барем три гола, но му требаше уште гол на гостите. Длабоко во судиското продолжение се случуваше хаос и во 11-тата минута, по 90-тата, Кадис даде гол од пенал за победа од 2-1.

И единицата на Ковентри – Блекпул падна доцна. Тука гостите рано поведоа со 2-0, но до полувремето беше 2-2. Во 91-вата минута домашните погодија за триумф. Гол за добивка во 90-тата минута имаше на мечот Костарика – Уругвај, дуел на кој кумановецот типувал победа на Уругвај.

ИЗБЕГНАТИ НАТПРЕВАРИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ, НИСКОЛИГАШИ НОСЕА ДОБИВКА

И на други две уплатни места во Куманово имаше големи добивки. Во уплатното место на пазарот во овој град, прогнозер уплатил 300 денари убеден дека на 12 меча од англиските пониски лиги, двата тима ќе постигнуваат голови. И излезе дека е во право, сите 12 парови типивани на „Гол-Гол“ ги заокружи и заслужено му беа исплатени 215.953 денари, со бонус од 24.844 денари.

Кај кумановската Соколана се покажа дека со уплата од 100 денари и само на шест типувани меча, може да се добијат одлични 146.799 денари. Станува збор за шест фудбалски дуели на кои прогнозерот сметал дека домашните тимови ќе водат и на полувреме и ќе победат на крај и дека на мечевите ќе има барем по три гола. Квотите се од 2.65 до 4.50.

ВО НОВО ЛИСИЧЕ ИМА ДОБИТЕН ТИКЕТ ВО ВРЕДНОСТ ОД 2.000 ЕВРА

Освен во Куманово, празничното расположение со убава добивка од 120.201 денар си го збогати еден прогнозер кој уплатил тикет во Ново Лисиче во Скопје. Уплатата е 100 денари, а има и бонус од 1.190 денари.

Скопјанецот прогнозирал седум натпревари од лиги во Италија, Англија и Јужна Америка. Најголемата квота од 7.40 е за „икс во еден“ на аргентинскиот меч Леандро Н. Алем – Сан Мартин де Бурсако.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести