Кун е како хит-серија – Петта сезона по ред со 20+ голови во Премиерлигата

Аргентинскиот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро стаса до 20 голови во сезоната и сега е ко-рекордер со легендарниот Тјери Анри, како единствени во историјата на Премиерлигата што постигнувале 20+ голови пет сезони по ред.

Анри до денеска беше осамен на врвот, а подвигот го направи како играч на Арсенал почнувајќи од сезоната 2001/02 заклучно со сезоната 2005/06 и тоа секогаш со најмалку 24 постигнати погодоци во секој од тие циклуси во Премиерлигата.

Сега му се приклучи и Агуеро, а зад нив во топ-5 се и Алан Ширер и Хари Кејн со четворки и Руд Ван Нистелрој со три сезони во кои по ред даваше 20, или повеќе голови во елитјната англиска фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести