Кунде испиша историја во Лигата на шампионите

Барселона продолжи со својата доминација и во Лигата на шампионите откако синоќа во Белград ја победи Црвена ѕвезда со 2-5. Играч на натпреварот можеби е Жил Кунде, кој блескаше со својата игра.

Еден од најдобрите десни бекови во светот забележа дури три асистенции, со што испиша историја во елитното европско натпреварување.

Во поновата историја на Лигата на шампионите само четворица дефанзивци имаат остварено три или повеќе асистенции на еден натпревар.

Тоа се Жорди Алба против Тотенхем (2018 година), Ашраф Хакими против Атлетико Мадрид (2018), Жоао Кансело против Бриж (2021) и синоќа Жил Кунде против Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести