Кунде: Ме освои упорноста на Чави

Жил Кунде во стилот на Рафиња го извиси Челзи и потпиша за Барселона. Со трансферот вреден 60 милиони евра, од кои 10 милиони Севилја ќе ги добие во одредени бонуси, Французинот стана петта летна аквизиција на Каталонците благодарение на влијанието на тренерот Чави.

Како што вели Кунде, Чави ја одигра можеби најважната улога при овој ангажман, неколкупати контактирал со стоперот за да разговараат околу заедничкиот проект. Кунде потоа немал дилеми и воопшто не му било тешко да го остави лондонскиот клуб на цедило, кој од почетокот на 2022 година покажуваше интерес за досегашниот играч на Севилја.

„Начинот на кој Чави ми пристапи едноставно беше пресуден за мене да ја одберам Барселона. Неколкупати имавме одлични разговори, делиме иста фудбалска филозофија. Сега цел ми е да се покажам во тимот во што е можно подобро светло, да обезбедам солидна минутажа и да почнеме со освојување на трофеи“, истакна Кунде.

- Оглас -

Најнови вести