Купот на Македонија ќе има нов освојувач, Вардар го елиминираше Тиквеш!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, со два гола на Дианеси го победи Тиквеш со 2-0 во осминафиналето на Купот, па по елиминацијата на кавадарчани кои го бранеа трофејот, јасно е дека сезонава пехарот од Купот ќе го крене некој друг тим.

Првиот гол на Дианеси беше во 76-та минута, а пред да ја затресе мрежата имаше дуел со Цубара и гостите бараа судијата да досуди фаул, но убавиот гол беше признат.

Со 2-0 победија и Брера против Беса и Струга Трим Лум против Македонија Ѓорче Петров.

Изненади второлигашот Арсими кој во Гостивар со 3-1 ја исфрли Воска спорт. И Детонит Плачковица од второлигашите е во четвртфинале, откако на пенали го победи Пелистер (во регуларниот дел 1-1).

Силекс на пенали го совлада Шкупи со 4-3, откако средбата во регуларниот дел заврши 0-0. Со минимални победи од 1-0 понатаму одат тетовска Шкендија која го победи истоимениот тим од Арачиново и Гостивар на кој еден гол му беше доволен против Брегалница.

- Оглас -

Најнови вести