Кутињо успешно опериран, му следува пауза од три месеци

Филипе Кутињо успешно ја мина операцијата на менискусот од левото колено, потврдија од таборот на Барселона. На бразилскиот креативец му следува пауза од три месеци, што значи дека би можело да се врати во екипата за финишот од актуелната сезона.

Додека му трае рехабилитацијата, Кутињо ќе го пропушти осминафиналниот двомеч против ПСЖ во Лигата на шампионите. Останува да се види дали Кутињо ќе закрепне до второто овосезонско Ел Класико, кое е закажано на 11 април.

Oваа сезона Кутињо запиша вкупно 14 настапи за Барселона на кои забележа скромен учинок од три погодоци и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести